МакедонијаХроника

ТРАГЕДИЈА ВЕЧЕРВА ВО МАКЕДОНИЈА: Едно лице го загуби животот, сообраќајот е во целосен прекин и се пренасочува по стар пат

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва во непосредна близина на битолското село Братиндол, на магистралниот пат А3 Битола-Ресен, а како што известија од СВР Битола, едно лице го загубило животот. 

Според првичните информации на СВР Битола, во сообраќајката учествувале неколку возила.

Сообраќајот на магистралниот пат на релација Битола-Ресен е во целосен прекин од 20:45 часот и се пренасочува по стариот пат. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons