МакедонијаНајново

Тошковски: Расте бројот на починати во трагедијата во Кочани досега 59 – за четири осомничени лица е распишана централна потерница 

На вонредната прес-конференција во 12 часот напладне, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека МВР ги обезбеди болниците и ќе се извршат разговори со сите контактибилни лица. Полициски службеници од СВР Скопје извршиле разговори со десетина лица хоспитализирани во Скопје и со 1 од членовите на бендот ДНК. Централна потерница е распишана за 4 лица. Тошковски вели дека од Министерството за економија се обезбедува документација за дискотеката. Ќе се испитува градежно техничка документација, условите што треба да ги исполнува еден објект за да добие лиценца, како се постапувало за време на настанот итн.

-До 11 и 30 починати се 59 лица, од нив 35 се идентификувани. Од идентификуваните 31 е од Кочани, 4 од Штип. Бројот на повредени е 155 лица. Тие се во повеќе болници во државата. Уште еднаш сакам да изразам искрено сочувство до семејствата на починатите во кои животот го загуби и еден полициски службеник од полициска станица Пробиштип, кој постапувал по претходно утврден план за дрога и присуство на малолетници во предметната дискотека. Началникот на СВР Штип ми кажа дека полицаецот требало да биде награден за најдобар полицаец на територијата на СВР Штип. За жал тоа одликување ќе биде постхумно, рече Тошковски.

Генералниот секретар на НАТО Руте изразил сочувство и понудил поддршка за трагедијата. На прашањето дали дискотеката имала сертификат за управување со пиротехнички материјали, Тошковски не одговори. Овој сертификат го издава МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons