Актуелно

Тошковски од Кочани: Со длабока тага известуваме дека 51 лице ги загубија животите во трагедијата во Кочани 

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција во Кочани изјави дека според првичните информации, пожарот во дискотеката „Пулс“ избувнал како последица на искри од пиротехнички средства кои биле користени како светлосен ефект на концертот. Искрите го зафатиле таванскиот дел од дискотеката, кој бил направен од леснозапалив материјал, што довело до брзо ширење на огнот.

„Со длабока тага и болка ја известувам јавноста дека во оваа трагедија животот го загубија 51 лице, а повеќе од 100 лица се хоспитализирани. Ова е незапаметена трагедија што ја потресе целата држава“, изјави Тошковски.

Тој нагласи дека Министерството за внатрешни работи со сите свои капацитети останува на терен, преземајќи ги сите неопходни мерки.

„Нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите. Изразуваме најдлабоко сочувство и поддршка во овие тешки моменти“, додаде министерот.

Тошковски потенцираше дека истрагата ќе биде спроведена темелно и целосно и најави дека сите одговорни лица ќе бидат идентификувани и изведени пред лицето на правдата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons