Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот кој го симна албанското знаме од бандера
„Нема утврдена одговорност ниту прекршување на процедурите од страна на полицаецот кој на Денот на албанското знаме симнал албанско знаме од бандера“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Истражувањето на Одделот за внатрешна контрола покажа дека нема нарушување на стандардно-оперативните процедури. Доколку има дополнителни прашања, тоа ќе биде разгледано понатаму,“ рече Тошковски.