Спорт

Торино сака да го врати Елмас, испратена понуда вредна 12 милиони евра 

Медиумите од Италија пренесуваат дека Торино доставил конкретен предлог за ангажман на Елиф Елмас, на маса биле ставени 12 милиони евра.

Вториот дел од сезоната 2024/25, Елиф Елмас го помина на позајмица во Торино и веднаш се наметна како еден од клучните играчи во тимот.

„Биковите“ имаа опција во целост да го купат Македонецот, но клаузулата вредна 17 милиони евра им се виде многу.

Сепак, Торино не се откажува од идејата за перманентен трансфер, и последните информации велат дека била испратена конкретна понуда до РБ Лајпциг – на маса биле ставени 12 милиони евра.

На потег сега е РБ Лајпциг, кој во јануари 2024 инвестираше околу 23-24 милиони евра за ангажман на Македонецот, овој предлог на Торино е двојно помал од таа сума.

ФОТО: X/Torino Football Club

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons