Топло е, илјадници тела не се подигнати и на Мариупол му се закануваат епидемии
Епидемии му се закануваат на украинскиот град Мариупол.
Градскиот совет денеска објави дека постои ризик од колера, дизентерија и ешерихија коли – бактериска инфекција која може да предизвика силна болка во стомакот, крвава дијареа и откажување на бубрезите.
Локалните власти предупредија дека градот е подложен на епидемии поради ужасните санитарни услови во повеќето делови и фактот што можеби илјадници тела сè уште не се подигнати. Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко вели дека сега во градот има средновековни услови за живеење.
Во околината на градот беа најдени масовни гробници. Се смета дека во Мариупол сега се „заглавени“ 100.000 луѓе, а дека 20.000 се убиени. Русија на 24 февруари ја почна војната во Украина.