Тешко повреден полицаец кој ја обезбедувал делегацијата на претседателот на сообрание
Полициски службеник што ја обезбедувал делегација на собранискиот спикер е тешко повреден во сообраќајка која попладнево се случила во близина на Кичево.
Цивилно патничко моторно возило попладнево во близина на Кичево удрило и тешко повредило полициски службеник кој бил дел од обезбедувањето на трасата на делегацијата на Претседателот на сообранието на Република Македонија додека тој патувал од Скопје кон Струга.
Според првичните информации станува збор за полициски службеник од Кичево кој со скршеници и тешки повреди бил пренесен за шируршки зафат на скопските клиники.
Се очекуваат повеќе информации од Министерството за внатрешни работи