Тест на личноста: Изберете круг и дознајте во која животна фаза се наоѓате
Визуелните психолошки тестови се забавен и популарен начин да ѕирнете во сопствената потсвест и откриете нешто ново за себе. Интуитивните избори претставуваат прозорец во нашата психа и можат да помогнат да најдеме одговори на важни прашања, меѓу кои и она: во која животна фаза се наоѓате сега, дури и кога тоа тешко го препознавате, пишува „Сенса“.
Која слика ви предизвика најмногу чувства и реакции? Вашата задача е да изберете еден круг, оној што најмногу „одекна“ во вас, и да го прочитате толкувањето.
Круг 1
Се наоѓате на животна раскрсница, во период кој несомнено може да се опише како тежок, можеби дури и кризен. Чувството на неизвесност за иднината, постојана анксиозност и нестабилност се ваши верни придружници во овој момент. Ви е очајно потребна поддршка, сигурна основа врз која ќе ја градите иднината, ќе се чувствувате безбедно, заштитено и мирно. Посакувате да најдете личност на која ќе ѝ верувате целосно, некој кој ќе ви биде потпора, карпа…
Еден од најделотворните начини за справување со ситуацијата е да побарате истомисленик, ментор или личност што може да ви понуди вистинска поддршка.
Круг 2
Во вас постои силна, иако потсвесна, желба да најдете внатрешна поддршка – свое стабилно јадро. Имате остра потреба да се фокусирате на нешто навистина важно, нешто што ќе ѝ даде смисла на вашата реалност и ќе ви помогне да не пропуштите значајни животни моменти. Можеби сега се чувствувате како да сте во вртлог од настани и емоции кои ве спречуваат да донесувате урамнотежени одлуки.
Главниот предизвик е воспоставување ред – и надворешен и внатрешен. Посветете се на својот внатрешен свет, негувајте контакт со себе. Бидете трпеливи и нежни кон себе.
Круг 3
Се чувствувате празно? Тоа не е нужно лошо. Тоа може да биде затишје пред бура, простор што останал по крајот на едно значајно поглавје – или можеби постојана состојба на неизвесност која, иако застрашувачка, носи голем потенцијал. Замислете ја оваа празнина како празно платно, подготвено да ја прими секоја боја. Сте на прагот на голема промена, подготвени за ново и непознато.
Посматрајте се себеси, анализирајте ги вашите мисли, чувства и желби. Нека одлуките доаѓаат постепено. Без притисок. Сè на свое време.
Круг 4
Сте влегле во период на длабока самоанализа – време кога искуството, знаењето и вештините се претвораат во мудрост и вистинско разбирање на светот. Сфаќате дека старите обрасци, системи и навики што сте ги изградиле почнуваат да ја губат својата важност. Вашиот координатен систем се менува, како после земјотрес.
Ова е единствен и возвишен период – исполнет со самоспознавање, радост, раст и повторно раѓање. Искористете го целосно.
Круг 5
Вашата моментална животна фаза е полна со стабилност и јаснотија. Ги имате изградено своите вредности и стоите цврсто на нив. Без разлика на надворешните предизвици, вие одржувате внатрешна рамнотежа, како брод што спокојно плови низ бурно море. Останатите ве доживуваат како стабилен и доверлив човек, некој на кој секогаш може да се потпрат.
Ова е време на жнеење, уживање и смиреност. Не мора да докажувате ништо – веќе сте го сториле тоа. Само уживајте.
Круг 6
Ова е идеален момент да си поставите нови цели и да ги реализирате. Имате јасна слика што сакате – време е да изготвите план и да дејствувате. Очекувајте позитивни промени и во приватниот и во професионалниот живот. Доколку имате одамна негуван сон – сега е вистинскиот момент да го реализирате.
Не се заглавувајте во претерано размислување – делувајте. Како што рекол Шекспир: „Прекумерното размислување раѓа сомнеж и страв.“ Само почнете. Сѐ друго ќе си дојде на место.