МакедонијаНајново

Тестот за птичји грип на поситетителката во ЗОО Скопје е негативен

Тестот на жената која денеска побарала да се тестира за птичји грип бидејќи минатата недела ја посетила Зоолошката градина во Скопје е негативен, потврдија од Институтот за јавно здравје за Прес 24.

За потсетување, негативни се и тестовите на двајцата вработени кај кои постоеше сомнеж дека се заразенни со птичји грип.

Во меѓувреме, Град Скопје упаднал во фејсбук страната и електронската пошта на ЗОО Скопје и сами си го напишале соопштението дека инспектори на АХВ без доказ убиле птици кои се шетале во зоолошката, тврдат вработените во оваа установа, кои преку СОНК испратија демант во јавноста.  

„Последниот инцидент, со упад на нашата facebook страна и нашата електронска пошта, преку која е испратено соопштението, но и видеата и сликите со вознемирувачка содржина кои се пуштени во медиуми и на социјални мрежи, без согласност на лицата кои се појавуваат во материјалот ја прелеа чапата, за што вработените ќе преземат законски мерки против лицата кои го снимаа и го објавија материалот. Напоменуваме дека вработени во ЗОО Скопје, како врвни професионалци се оградуваат од сите соопштенија кои се испратени во нивно име и споделени со јавноста.“, стои во демантот на членовите на СОНК – вработени во ЗОО Скопје.

Меѓу другото, во демантот се наведува дека инспекторите од АХВ постапиле согласно закон со соодветна документација.  

Зоолошката во Скопје ќе остане затворена уште 20-тина дена, откако во петокот беше откриено присуството на птичјиот грип. Веднаш беа убиени птиците кои биле во езерцето заедно со гуската, а во моментов се следи состојбата кај останатите животни во установата. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons