Спорт

Теквондистката Релиќ освои сребро во Тирана за нови шест поени на олимписката ранг-листа 

Македонската теквондисткта Милијана Релиќ, викендов освои сребрен медал и нови шест поени на олимписката ранг-листа на Г-1 Опен натпревар во Тирана, Албанија.

Нашата теквондистка, поради добрата позиција на ранг-листата, беше слободна во првото коло. Во второто коло во тесна борба со 2:1 во рунди ја совлада Теопула Сарванаки од Грција, светска вицешампионка во 2022 од Мексико.

Во полуфиналето, Рељиќ се бореше со Елза Чарлс Секанел од Шпанија, која ја победи со 2:0 во рунди, иако противничката зема многу поени и во двете рунди беше во водство.

Но, поради извонредната кондициска форма, Рељиќ цело време ја напаѓаше Секанел и со по пет казнени поени, шпанската натпреварувачка ги загуби двете рунди.

Во финалната борба Македонката беше поразена од Дора Мештровиќ од Хрватска со 0:2 во рунди. Според Александар Ефтимов, тренерот на Релиќ, ова е извонредна форма пред светското првенство во Кина, кога на крајот на месецот ќе атакуваат на медал.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons