Тежок инцидент: Навивачи на Марсеј го нападнаа автобусот на Лион, тренерот Гросо заврши со дупната глава! (ВИДЕО)
На патот кон стадионот на Марсеј, автобусот на фудбалерите на Лион беше нападнат од хулигани на домашниот тим кој со камења го искршија возилото на гостите, а најмногу настрада тренерот, Фабио Гросо кој заврши со крвава глава.
Најтешко во инцидентот помина Гросо на кој веднаш мораше да му биде укажана медицинска помош и неговата глава да биде сошиена.
Хулиганите на Марсеј се познати по постојаните испади, но овојпат ги надминаа сите граници, нејасно е дали мечот воопшто ќе се игра.