Свет

Тајмс оф Израел: Србија од Израел купува оружје за 1,64 милијарди долари 

Србија е европската земја која стои зад огромниот договор за оружје со израелскиот одбранбен гигант Елбит системс, вреден 1,64 милијарди долари, објави Тајмс оф Израел.

Минатата недела, израелската компанија објави склучување на договор за испорака на прецизни артилериско-ракетни системи со долг дострел и беспилотни летала, но идентитетот на купувачот не беше откриен во тоа време, наведува израелскиот медиум.

Како дел од петгодишниот одбранбен договор Елбит ќе ѝ испорача на Србија пакет беспилотни борбени системи управувани од вештачка интелигенција, кој вклучува беспилотни летала за тактичка и оперативна употреба.

Договорот вклучува испорака на прецизни артилериски ракети со долг дострел на Елбит и одбранбени производи опремени со напредни ИСТАР системи за информации, надзор, лоцирање на цели и извидување. Пакетот, исто така, вклучува комуникациски и сигнално-разузнавачки системи, како и напредна електрооптичка опрема и системи за ноќно гледање, заклучува Тајмс оф Израел.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons