Спорт

Таткото на Халанд откри зошто го одбрале Манчестер Сити пред Реал Мадрид

Таткото на Ерлинг Халанд откри зошто неговиот син потпишал за Манчестер Сити, а не за Реал Мадрид како што се очекуваше. Алф-Инге Халанд, кој е и агент на напаѓачот, проговори за факторите кои влијаеле на изборот на Ерлинг во корист на Манчестер Сити.

„Првиот критериум беше на кој тим му треба централен напаѓач? Го оценивме Манчестер Сити со 10 од 10 во овој поглед. И очигледно тоа се покажа како совршено решение.

На Реал Мадрид му дадовме 5 или 6 од 10. Бидејќи Карим Бензема беше таму и мислевме дека клубот ќе потпише со Мбапе“, вели Алф-Инге во документарниот филм „Haaland: The Choice“.

Во првите шест кола од Премиер – лигата, 22-годишниот напаѓач постигна 10 гола и забележа една асистенција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons