ТАЖНИ ПРИКАЗНИ ОД СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА: Угинаа најсаканите животни за посетителите
Тажна вест утринава ја потресе јавноста откако беше објавено дека во скопската зоолошка градина угинала една од слониците.
Официјални информации за причина за смртта нема.
Јавноста е видно потресена од информацијата, посебно затоа што изминатиот период угинаа двете жирафи, а сега и слоницата. Сите овие животни баа омилени кај посетителите, а посебно кај децата.
Жирафите ја направија најтажната приказна за скопската зоолошка.
Прво, во 2014 година угина една од трите жирафи, позната под името Орка.
Во јануари 2021 година угина и втората жирафа позната под името Тобого. Во јавноста тогаш беше објавено дека Тобого починал од срцев удар.
Во ноември 2023 година, угина и последната жирафа, Флопи, која заедно со нејзиниот негувател ја исплетоа најтажната приказна, која го освои светот.
Флопи почина по смртта на нејзиниот негувател Ристе, кој 12 години им даваше несебична љубов и грижа на жирафите.
Приказната за Ристе и Флопи стаса до светските медиуми, кои известуваа за големата трагедија, за која некои дури пишуваа дека Флопи починал од така по својот негувател.