Таеквондистката Милијана петтопласирана на Европскиот Президент куп
Македонската таеквондистка Милијан Рељиќ беше петтопласирана на Европскиот Президент Купот во Софија, Бугарија.
Нашата натпреварувачка беше блиску до освојување на медал во својата категорија -62 кг. во конкуренција од 36 таеквондистки.
На стартот Рељиќ триумфираше против Лена Динковиќ од Хрватска со 2:0 во рунда, а во второто коло ја совлада и Алејна Семнјурт од Турција (2:0).
Во борбата за медал Рељиќ со 2:1 во рунди претрпе пораз против Хрватката Ивана Арелиќ.
Според нејзиниот тренер Александар Ефтимов, во третата рунда пртив Арелиќ, на помалку од две секунди пред крајот при резултат 6:6 и предност на Милијана поради освоени поени со удар во глава, судиите доделија три поени на противничката за кои електронскиот автоматски систем претходно не ги регистрираше затоа што и немаше удар во глава.
– Бевме многу оштетени во борбата за медал. Сепак, ова беше единствен Г-3 натпревар во Европа и освоивме дополнителни 6.40 поени за светската и олимписката ранг листа – вели Ефтимов.
Следниот настап на меѓународната сцена Рељиќ ќе бидеј Солун Г-1.