Таблата со „Голема Албанија“ ја снема во Сопот
Таблата со „Голема Албанија“ ја нема во Сопот, јавува Сител.
Мермерната плоча со знамето на Голема Албанија со дел од Македонија во него денеска е отстранет од музејот кој што беше отворен овој викенд во селото Сопот, кумановско.
По бурата реакции во јавноста дека преку овој потег може да се предизвикаат меѓуетнички тензии денеска во музејот стои само каменот на кој беше поставена картата на Голема Албанија, но не и самиот експонат. Музејот денеска е затворен и не може да се влезе во него.
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски најави пријава за дивоградбата за која кажа дека е изградена на државно земјиште.