Судот во Хаг: Издадени налози за апсење за Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас
Меѓународниот кривичен суд во Хаг во четвртокот објави дека издал налози за апсење на водачот на Хамас Мохамед Диаб Ибрахим Ал-Масри (познат и како Мохамед Деиф) и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант.
Судот рече дека израелското прифаќање на јурисдикцијата на судот не е неопходно.
Меѓународниот кривичен суд додава дека овие налози за апсење „се во интерес на жртвите и нивните семејства“.
Се наведува и дека постојат „основи за сомневање“ да се верува дека тие „ги превиделе нападите врз цивилното население во Појасот Газа“, пишува Ројтерс.