Магазин

Судијка во долна облека се појави на рочиште: „Јас сум жена без градник и со отворен ум!  (ВИДЕО) 

Видеото кое трае 33 секунди масовно се споделува.

Против неа е поднесена официјална пријава и иницирана е истрага, по што дисциплинска комисија одлучи да ја суспендира од работа до средината на февруари

Колумбиската судијка Хајди Вивијан Поланија Франко е суспендирана на три месеци откако се појави полугола оптегната в кревет и пушеше цигара на судско рочиште кое се одржа преку платформата „Зум“.

Иако таа ја исклучи камерата на својот лаптоп, откако еден од учесниците на сослушувањето ја предупреди дека ѝ се гледа долната облека, веќе беше доцна.

Контроверзното видео од 33 секунди стана вирално. Надлежните се сомневаат дека Хајди најверојатно била пијана за време на бизарното сослушување. 

Против неа е поднесена официјална пријава и иницирана е истрага, по што дисциплинска комисија одлучи да ја суспендира од работа до средината на февруари.

„Нема оправдание за ваковото поведение. Таа ги има сите услови да се подготви за јавна расправа во својот дом. Кон својата професија треба да се однесува со респект“, појаснуваат членовите на комисијата.

Вивијан, која се школувала на приватен католички универзитет и доаѓа од градот Кукута близу границата со Венецуела, допрва ќе треба да се објаснува. Таа еднаш веќе се најде на осуда од јавноста, две години пред овој инцидент. Тогаш се замери со критичарите кои ја нападнаа поради нејзините фотографии на социјалните мрежи на кои гордо позира во танга, покажувајќи ги мускулите, тетоважите и задникот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons