Свет

Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови

Студентите во блокада за вечерва најавија нови протестни собири, што ќе започнат во неколку српски градови помеѓу 19:30 и 21 часот.

Студентите во блокада на Инстаграм соопштија дека собирите во Белград ќе се одржат во 19:30 часот кај зградата на Генералштабот, на кружниот тек во близина на Општина Нови Белград, како и кај Автокоманда, додека собирот во Нови Сад ќе започне во 19:45 часот пред просториите на Безбедносно-информативната агенција (БИА).

Собирите се најавени во 19:30 часот во Крагуевац на Ѓачки плоштад, во Краљево на плоштадот Српски воини, во Лозница и Шабац во близина на Гимназијата, во 20 часот во близина на Градското собрание во Ужице и во 21 часот во Ниш, но локацијата засега не е прецизирана.

Собири се планирани и во Обреновац, Лазаревац, Анарѓеловац, Сремска Митровица, Горњи Милановац, Врбас, Крушевац, Ваљево, Богатиќ, Неготин, Смедерево, Бор, Чачак, Зрењанин, Инѓија, Младеновац, Панчево, Лесковац, Шид, Качарево, Ивањица, Рума, Прокупље и Стара Пазова, а сите информации може да се најдат на социјалните мрежи на студентите во блокада.

Претходните две вечери во неколку градови во Србија имаше судири меѓу демонстрантите и поддржувачите на Српската напредна партија (СНС), кои најчесто беа сместени во близина на просториите на партијата.

Во меѓусебното гаѓање со  различни предмети, поддржувачите на СНС најчесто користеа пиротехнички средства, а неколку лица беа повредени, меѓу кои и припадници на полицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons