Актуелно

Страотни поплави во БиХ, 20 загинати, одрони на земјиште и блокирани патишта (Фото)

Невидени поплави ја зафатија Босна и Херцеговина по обилните дождови што ја погодија земјата. Драматични слики доаѓаат од Јабланица каде куќите се под вода голем број на возила се однесени од водената стихија, а целосно е уништен патот кај Комадиново врело.

Порталот Кликс известува дека во акцијата за потрага и спасување, покрај војниците на Оружените сили на БиХ, учествуваат и британски специјалци кои биле на обука во земјата. За денеска е закажана итна седница на Советот на министри на БиХ за поплавите.

Сообраќајот кон јужниот дел на БиХ е сериозно нарушен, многу патишта се блокирани, а единствениот начин да се стигне од Сараево до Мостар е преку централна Босна. Владата на ХНК ги предупреди граѓаните да не патуваат кон Јабланица и Мостар. Во селото Долна Јабланица, од џамијата е видливо само минарето, а патот кон Блидиње од Јабланица е целосно уништен поради катастрофалните поплави.

Федералната управа за цивилна заштита соопшти дека има голема потреба од тешка механизација за расчистување, бидејќи на неколку места се појавија одрони. Шумската служба за спасување од Јабланица ги повика жителите да се пријават за да им помогнат на спасувачите и пожарникарите во акциите за спасување. Од пожарникарската станица во Јабланица изјавија за Кликс дека населбата е целосно отсечена и блокирана.

„Полицијата не извести дека е блокирана и железничката пруга. Моментално не може да се влезе ниту да се излезе од Јабланица. Фиксните телефони работат, но мобилната телефонија нема сигнал”, соопштија од пожарникарската станица.

Федералната управа за цивилна заштита соопшти дека е прекината патната комуникација на правците Јабланица-Мостар, Јабланица-Рисовац, Јабланица-Прозор Рама и Јабланица-Коњиц. Покрај Јабланица, поради обилните врнежи, поплавени се улиците и станбените објекти во Кисељак и Крешево. Од Службата за цивилна заштита на општина Кисељак апелираа до жителите да не патуваат, а во итни случаи да се обратат до нивната служба, пожарникарите, брзата помош или полицијата.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија е подготвена веднаш да помогне на Босна и Херцеговина, која моментално се соочува со поплави, доколку тоа биде побарано. Вучиќ изрази сочувство до семејствата на загинатите и најави подготвеност за испраќање на хеликоптери, чамци и финансиска помош.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons