Спорт

Стојчевски останува во Чешка, Словачко го откупи од Жилина 

22-годишниот Андреј Стојчевски потпиша перманентен договор со Словачко каде што изминатите шест месеци беше на позајмица од Жилина.

Стојчевски во Словачко дојде на почетокот на годината, ја помина полусезоната во овој клуб за кој одигра 13 натпревари. Ги задоволо вкусовите на овој клуб кој реши целосно да го откупи од Жилина.

Македонецот стави потпис на договор со Словачко до јуни 2028 година.

Стојчевски за сениорската репрезентација на Македонија дебитираше на мечот против Белгија кој се одигра неодамна и заврши 1-1.

Претходно настапуваше за младата репрезентација на Македонија.

Што се однесува до клубовите, покрај Жилина и Словачко, играше и за Вардар и Брера.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons