Стојанче Јовановски призна вина за загрозување на безбедноста но не и за наведување на самоубиство
Стојанче Јовановски, кој е обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана Стојаноска на денешното судење призна вина за две дела – нанесување на тешки дела и загрозување на сигурноста. Но за третото дело „наведување на самоубиство“ рече дека не е виновен.
Судијата не го призна признанието на вина бидејќи сметаше дека не е доброволно дадено. Јовановски претходно, во својот исказ пред Судот кажа дека бил принуден да признае вина.
За самоубиството на сопругата Ивана, Јовановски го обвини неговиот другар со кого, како што рече, неговата сопруга била во врска.



