Свет

Столтенберг: Со помодерно оружје Украина би можела и да ги протера трупите на Путин од Донбас 

НАТО има песмистичка прогноза за тоа кога ќе заврши војната во Украина. 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, не очекува брзо завршување на војната во Украина. Со помодерно оружје, се зголемува веројатноста дека Украина би можела и да ги протера трупите на Путин од Донбас. 

„Мораме да се подготвиме за фактот дека тоа може да потрае со години. Дури и ако трошоците се високи, не само за воена поддршка, туку и поради зголемените цени на енергијата и храната. Но, тоа не е ништо во споредба со цената што Украинците треба да ја плаќаат секој ден со многу животи. И ако рускиот претседател Владимир Путин научи од оваа војна дека може да продолжи како што продолжи по војната во Грузија во 2008 година и окупацијата на Крим во 2014 година, тогаш Западот ќе плати уште повисока цена. Иако борбата во Донбас се води сè побрутално од Русија, украинските војници даваат храбар отпор“, вели Столтенберг.

Киев има намера да ги продолжи мировните преговори со Русија кон крајот на август, откако ќе спроведе контранападни операции, соопштија денеска украинските власти.

Русија на 24 февруари ја нападна Украина. Украина стравува дека ќе изгуби дел од својата територија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons