НајновоСвет

Столтенберг: Поостри акции против руските шпиони во земјите на НАТО 

Членките на НАТО се подготвени да преземат поостри акции против руските шпиони во земјите-членки на алијансата, како одговор на кампањата на Москва со непријателски активности, кои вклучуваат акти на саботажа и сајбер напади, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Видовме неколку примери на саботажа, обиди за палење, сајбер напади, дезинформации“, изјави Столтенберг за новинарите, додавајќи дека министрите за одбрана на НАТО ќе се фокусираат на „руската кампања на непријателски активности против сојузниците на НАТО“ на претстојниот состанок во Брисел.

Столтенберг рече дека министрите ќе разговараат и за опциите на НАТО да одговори на руските закани, вклучително и заштитата на критичната поморска и сајбер инфраструктура, како и за „построги ограничувања за рускиот разузнавачки персонал во земјите на Алијансата“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons