Столе откри зошто му пропаднал трансферот во Барселона: Сè беше договорено, АМА…
Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија и член на шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано, Столе Димириевски, откри дека се било договорено за негов трансфер во Барселона. Но, трансферот на „Камп Ноу“ не се реализирал поради тоа што резервниот голман Нето не сакал да замине од Барса.
„Имаше преговори и се беше готово. Јас ги прифатив условите на Барселона, имаше договор, остана само уште потписот. А до него не дојде само поради фактот дека вториот голман Нето не сакаше да си замине од клубот. Имам договор со Рајо до 2024 година и сметам дека е време да направам исчекор во кариерата. Среќен сум што клубови како Барселона се интересираат за мене“, вели Столе Димитриевски.
Рајо Ваљекано оваа сезона двапати славеше против моќната Барселона.
„Мислам дека тоа му успеало само на Баерн Минхен. Тоа е неверојатен резултат за нашиот тим. Ние одамна обезбедивме опстанок, но и не се задоволивме само со тоа“, истакна голманот на Рајо.
Столе Димитриевски е столб и на македонската фудбалска репрезентација. Дојдовме на чекор до Светското првенство, ја елиминиравме Италија на патот за Катар.
„Добивме убедливо најтешка група во баражот за Светското првенство, со Италија и со Португалија. Станавме херои на нацијата со елиминацијата на Италијанците, но потоа меѓу нас владееше големо разочарување што не успеавме да ја победиме Португалија. Мислам дека имаме одлична генерација која ќе оствари и нови успеси“, потенцира Столе Димитриевски.