Столе Димитриевски: Многу сум среќен што дојдов во Валенсија! 

Откако беше промовиран како нов член на Валенсија, нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски за официјалниот сајт на сега веќе неговиот нов клуб ја даде и првата изјава како играч на Валенсија.

Само да потсетиме дека Македонецот потпиша договор до 2026 година со еден од најголемите клубови во Ла Лига:

Многу сум среќен, многу среќен што можам да се приклучам на голем клуб како Валенсија и со нетрпение очекувам да започнам. Од првиот момент кога имаше интерес од Валенсија и неколку клубови, ми беше јасно. Бев возбуден што дојдов овде. Го познавам градот…Клубот преку пријатели и никогаш не се сомневав дали ќе одам во друга екипа. Отсекогаш сум ја имал Валенсија во мојата глава и еве ме. Ја сакам историјата, го сакам клубот, кој има многу голема историја и ми се допаѓа спортскиот проект на Валенсија, бидејќи расте. Имаат млади играчи кои се многу важни. Клубот и тимот ќе одат нагоре.Разговарав со неколку мои пријатели за тоа кога дојдов на Камп де Местаља за прв пат пред 6 години. Стадионот е тој што најмногу ме импресионираше. Кога излегов од тунелот, ми се допаднаа трибините и ги прашав луѓето кои се навивачи и ја знам филозофијата на тоа како размислуваат и како се, и спојувајќи го сето тоа, стадионот ме импресионираше и ми се допаѓа Местаља“ истакна Македонецот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons