Спорт

Столе Димитриевски е апсолутен рекордер: Македонија немала посигурен голман! 

Mакедонија вчера ремизираше против Велс во рамките од второто коло во квалификациите за Светското првенство и освои бод со голот во 96. минута, а овој гол значеше и крај на низата на Столе Димитриевски.

Димитриевски постави рекорд со 711 минути без примен гол во официјалните натпревари бидејќи минутите во продолженијата не се земаат предвид.

Димитриевски исто така е сопственик и на вториот и третиот најдолг период без примен гол, претходниот рекорд изнесуваше 326 минути, а потоа 301 минута.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons