Спорт

Стефан Михајловски освои бронза на Европското првенство во кик бокс во Атина

Македонскиот натпреварувач Стефан Михајловски успеа да се закити со бронзен медал на Европското првенство во кик бокс за сениори во Атина, Грција.

Во полуфиналната борба Михајловски загуби со 2:1 од украинскиот кикбоксер Серхи Бабенко во категоријата +94 кг.

Претходно Македонецот во четвртфиналето триумфираше со 3:0 против Стефан Тикс.

На ова ЕО кое ќе трае до 10 ноември учество земаа 982 натпреварувачи со 1.133 натпреварувачки влезови од 41 држава.

Откако триумфираше против Петар Јасмин од Хрватска со 3:0 во категоријата -86 кг., Бобан Илиоски во полуфиналето ќе се бори против Филип Христос од Грција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons