Стармер: Бројот на имигранти во Велика Британија ќе се намалува за околу 100.000 годишно
Бројот на имигранти што доаѓаат во Велика Британија ќе се намалува за околу 100.000 годишно според планот што денес го презентираше британскиот премиер Кир Стармер, со кој се најавуваат сеопфатни реформи во имиграциската политика.
Владата објави таканаречена „бела книга“ во која се наведени осум клучни мерки, кои, заедно со претходните промени воведени за време на конзервативната влада, треба да доведат до вкупно намалување на бројот на мигранти за повеќе од 100.000 годишно, пишува британскиот „Тајмс“.
Стармер рече дека планот претставува крај на период во кој, како што рече, „политиката и економијата страдаа поради неконтролиран прилив на население“.