Актуелно

Стабилна е состојбата со Ковид, но мора да се носат маски во аптека, болница и јавен превоз 

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во државата и констатира дека состојбата со Ковид-19 е стабилна, нема зголемување на бројот на позитивни случаи, хоспитализирани и починати.

Ставот на Комисијата е дека четирите мерки, кои се актуелни и се уште се на сила, како што се: носење маска во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица и лица со посебни потреби, одговараат на актуелната епидемиолошка состојба и тие ќе продолжат и во иднина.

Во однос на инфекцијата со РСВ-респираторен синцициски вирус, констатирано е дека состојбата е стабилна, нема зголемување на бројот на новозаболени и хоспитализации, а болничките капацитети ги задоволуваат потребите за укажување здравствена грижа за децата со симптоми.

Комисијата и понатаму ја следи состојбата со заразните заболувања во нашата држава и доколку има потреба од нови препораки за тоа навремено ќе информира.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons