ССНМ: Од десет новинари, седум земаат потпросечна плата, а четворица немаат ниту постојано вработување
Само сплотени и солидаризирани во борбата, ние новинарите и медиумските работници можеме да се избориме за нашите работнички права и враќање на достоинството на новинарското перо, порачува Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот.
Како што истакнува претседателот на ССНМ Павле Беловски во видео честитката, ако во земјава постоеја само десетмина новинари, седуммина ќе земаа потпросечна плата, а четворица немаше ниту да имаат постојано вработување.
-Останете будни, гласни и непоколебливи. Колеги, правата не се празничен потсетник, туку битка која почна 1886-тата и продолжува, вели Беловски.