Сребрена лига: Бронзен медал за Македонија
Бронзен медал за македонската одбојкарска репрезентација во Сребрената лига откако беше совладана домашната Унгарија со 3-2 во завршниот меч од европското натпреварување. Избраниците на Ратко Павличевиќ со тоа остварија една победа на фајналфор турнирот и го освоија третото место во неизвесен меч во ккој водевме со 1-0 и 2-1 во сетови (25-22, 25-23), противникот двапати одговараше (18-25 и 19-25), па мораше да се игра решавачка петта рунда, тај-брејк во кој „спартанците“ беа на повисоко ниво и со доминатни 15-7 дојдоа до триумф.Никола Ѓоргиев со 28 поени најдобар на теренот , а одличен беше и Илиев со 17 поени.Во финалето на Европската сребрена лига силите ќе ги одмерат Финска и Романија.