Магазин

„Спорна“ фотографија на мајка во танга како позира со својот син го ЗОВРЕ ИНТЕРНЕТОТ 

Таа ги запрепасти корисниците на Инстаграм по објавување на фотографија на која таа го гушка синот додека е во бикини.

Софи Гвидолин е инфлуенсерката, фитнес инструкторка и мајка на четири деца.

Оваа мајка има само 32 години, а и покрај нејзините четири деца, гледаме дека својата линија ја довела до совршенство на што можат да и позавидат многу помлади дами.

Со оглед на тоа што живее во Австралија, каде што е секогаш топло, според неа, сосема е нормално поголемиот дел од времето да го поминува во костим за капење.

На „спорната фотографија“ Софи го прегрнува својот најстар син, кој тој ден наполнил 15 години.

По неа следеа лавина негативни коментари на сметка на пропагирање на сексуалноста, која Софи наводно ја истакнува. Некои беа особено згрозени од фактот што таа тоа го прави во присуство на нејзиниот син. Потенцирајќи дека не е проблематично само бикинито, туку и секси позата која ја направила додека се фотографирала.

Софи воопшто не чувствува дека алудира на сексуалноста, туку изјавила дека тоа е сосема нормално во нејзиното семејство.

– Нормално е што имаме тело, нормално е што имаме делови од телото, тоа не е сексуализација, не е ништо срамно, тоа е нешто вообичаено во мојата куќа, каде што сум со моите синови. Кога ќе ме видат во бикини, тие не помислуваат на ништо друго освен на тоа дека мама оди да се сонча, мама оди на плажа или оди
на капење. Кога ќе ме видат не помислуваат: „Леле, каква блудница си“ – им порача Софи на сите преку Инстаграм.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons