Според фенг шуи: Овие растенија ќе привлечат среќа и позитивна енергија во вашиот дом
Доколку сакате да го подобрите вашиот љубовен живот и да внесете повеќе среќа во вашето секојдневие, одредени растенија ќе ви помогнат во тоа, според принципите на фенг шуи. Секоe од нив има карактеристики кои можат да поттикнат хармонични промени во вашиот живот.
Меѓу нив се издвојува бамбусот кој е познат како растение кое привлекува среќа и позитивна енергија. Експертите за фенг шуи веруваат дека извртената верзија на бамбусот носи успех, додека два бамбуси во една вазна можат да помогнат да се привлече љубов и стабилен брак. За поголем успех и пари во домот се препорачува да чувате три или девет бамбуси.
Освен тоа, орхидејата е цвет кој според експертите за фенг шуи се користи за привлекување нова љубов. Препорачливо е доколку сте осамени, да ставите орхидеја во спалната соба, до креветот на ноќната маса.
Исто така, златниот ползавец или потос е украсно растение кое ја отфрла негативната енергија, а се советува да го ставите во „мртви ќошиња“ во домот, како празни полици, бидејќи ја отфрла негативноста и привлекува светлина.