Со 840.000 евра ќе се стимулираат скопски таксисти да купат електрични возила
Министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, пред Унијата на такси возачи го презентираше Проектот за субвенционирање на 200 електрични возила за таксистите, како дел од заложбите за почист, потивок и поефикасен урбан транспорт за граѓаните на Скопје.
Ќе се субвенционира 15 отсто од цената на ново електрично возило, што ќе биде дел од решенијата за надминување на загадувањето во главниот град, по потпишаниот Меморандум со Унијата на таксисти
– Прсечната цена на едно возило е 28.000 евра. Тоа значи дека ние ќе издвоиме 840 илјади евра. Замената на овие возила ќе резултира со намалува на над 2.700 тони ЦО2 годишно, рече вицепремиерот Меџити.