Со знамето на Вергина ја славеше титулата: Македонката Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка е новата „Кралица на Европа“
На изборот за Кралица на Евроазија 2024кој се одржа во Анталија, Турција, титулата „Мис Европа“ односно „Кралица на Европа“ ја освои нашата дваесет и шест годишнаЈулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка.
Таа на изборот ја претставуваше Македонија, во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од Европа и Азија.
Во театарот во Анталија, каде се одржа изборот, титулата Кралица на Азија иприпадна на претставничката на Египет, а вкупна победничка е девојката од Русија.
Нашата Јулијана која гордо ја претстави Македонија е дел од Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен интернационален избор за убавина.
Ова беше 10-то, јубилејно издание на „Кралица на Евроазија“ во организација на агенцијата „Евроазија старс емпаир“ од Москва, Русија.