СО ЕДЕН ТАГ НИЗ СРБИЈА И МАКЕДОНИЈА – По скоро две години почна да функционира електронската наплата во двете земји
Македонија и Србија од денеска со заеднички систем за наплата на патарина со еден „таг“. Наместо да запираат или да купуваат дополнителен уред или картичка, возачите од двете земји ќе може со еден уред да платат патарини.
Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека системот ги поминал успешно сите тестирања, подготвен е за употреба и е функционален.
ТАГ-от (микробранов транспондер) треба да се регистрира (преконфигурира) на веб пoрталот openbalkan-etc.com
– Изминатиов период се правеше подготовка на интеграцијата на системите за наплата на патарина на Македонија и Србија. Исто така, се вршеше подготовка и изработка на безбеден и ефикасен начин за реализација на трансакциите во двете земји. Во интеграцијата на системот е ангажиран кадар што и досега работеше на воспоставување на електронската наплата – објаснуваат од ЈПДП.
Примената на т.н „еден таг“ треба да ја зголеми безбедноста во сообраќајот и да го намали метежот на автопатиштата.