МакедонијаНајново

Состојбата на повредените во „Пулс“ непроменета: Петмина се уште во странство, една пациентка во критична состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени се во странство, а петмина се во Скопје. Една пациентка е сè уште во тешка состојба, информираше попладнево на прес – конференцијата во Владата, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

– Мислам дека деновиве се направи проценка за позначително пресадување на кожа кај таа пациентка. Инаку, таму проблемот е инфективен и се третира на најдобар можен начин со најдобрите можни антибиотици во моментот, потенцираше Клековски.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна рано наутро на 16 март, зеде 62 жртви, а околу 200 лица се здобија со повреди и беа пренесени на лекување во болниците низ земјава и странство.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons