Магазин

Сопругата на Д-р.Вело, Евгенија Марковска во бикини како од насловница на модните магазини (ФОТО) 

Не тајна дека младата и атрактивна сопруга на познатиот инфектолог Д-р. Вело Марковски изгледа како да е тинејџерка: нежно, женствено, божествено… Некогашната манекенка денес магистер по економски науки иако е сопруга и мајка на две малолетни деца, својата става отсекогаш ја негувала и внимавала на изгледот.

Дали начинот на исхраната, спортувањето, можеби генетиката или сето тоа заедно се „виновни“ за тоа што Евгенија и денес изгледа како за на модна писта е прашање за милион долари? Од сето тоа ако го исклучите и стресот зашто колку што е познато и покрај разликата во годините или можеби токму затоа, таа има мошне хармоничен брак со докоторот, па веројатно тука лежи и одговорот.

Нејзиниот Инстаграм повремено го  полни како фото албум, најчесто со фотографии од себеси или понекоја заедничка и семејна, а највпечатливи секако се оние на кои Евгенија е во костим за капање.


Како оваа последната, која ја споделила на почетокот на ова лето, во зелени бикини со алка и темни сончеви очила, додека позира на песочната плажа крај брегот.

Младешкиот изглед и складните телесни пропорции се оние нешта кои веднаш паѓаат в очи, па доколку не знаете за кого се работи, би помислиле дека е во прашање некоја осамена тинејџерка на која секој дел од нејзиното торзо има совршена мерка.

И не само на оваа, така е на секоја  фотографија на која Евгенија е во некаква летна комбинација на себе или во костим за капење…

Едноставно, сопругата на Д-р.Вело има извајано тело.

Без разлика дали е во летено фустанче или во бикини, Евгенија Марковска е како од насловница на модните магазини!


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons