МагазинНајново

Сончево и топло со температури до 30 степени 

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, најавува Управата за хидрометеоролшки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Најтопло ќе биде во Скопје и во Гевгелија, каде максималната дневна температура ќе достигне до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала, до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се симне до 12 степени.

Веќе во наредните денови се очекува вистинско лето. Следува период на претежно стабилно и топло време.

Температурата на воздухот значитело ќе порасне и ќе достигнува и до 36 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons