Македонија

СОНК бара разбирање од родителите: Во понеделник да не ги носат децата на училиште 

Од понеделнк учениците ќе имаат предвремен пролетен распуст благодарение на одлуката за почеток на  штрајк на наставниците. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков во изјава за „Слободен печат“ повика на солидарност и разбирање од страна на родителите.

– Ние како СОНК бараме разбирање и поддршка пред се од родителите на децата кои посетуваат градинка и на учениците во пониските одделенија, така што нема да ги носат децата во училиштата и градинките. Ако сепак ги однесат не можам да кажам со сигурност дали децата ќе бидат згрижени или вратени дома. Наставниците во секој случај нема да бидат во училниците, туку во заедничка просторија, изјави Неделков.

Тој не сакаше да прецизира колку дена ќе трае штрајкот.

Од друга страна, министерот за образование и наука Јетон Шаќири апелира до родителите сепак да ги однесат помалите деца во училиште, а да инсистираат повозрасните ученици да отидат на настава во понеделник.

– Многу е јасен Законот за организање штрајк, децата мора даа имаат образование и под ниту еден услов да не губат од часовите и од наставниот процес. За разлика од наставниците кои ќе штрајкуваат, јас имам информација и за голем број на наставници што нема да штрајкуваат, така што тие ќе ги прифатат децата и ќе ја одржат наставата во образовната институција,  вели Шаќири.

Тој нагласува дека процесот на преговори со СОНК ќе продолжи и во иднина.

– Ние бевме во процес на преговори и истовремено имавме датум за  штрајк. Процесот за преговори ќе продолжи со цел што побрзо да се најде решение и да се врати во нормала образовниот процес. Штрајкот никогаш не оди во прилог на образовниот процес и на учениците кои се и мора да останат наш фокус и приоритет. Сите предизвици со СОНК досега сме ги решавале заеднички, на маса и низ конструктивен дијалог. Така ќе биде и овој пат. Иако се услови на криза, здравствена, воена и економска, ние дебатираме со Синдикатот за да најдеме решение од кое ќе нема незадоволни страни. Верувам дека тоа ќе се случи скоро, по што ќе ја информираме јавноста, додава министерот Шаќири и потсетува дека за три години платите на наставниците се зголемени за над 21 процент – во апсолутен износ од 4.000 денари за наставник со 10 години стаж.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons