Актуелно

Собранието ја продолжи расправата за францускиот предлог

Единствена точка на дневниот ред е „Информација за содржината на Нацрт-преговарачката рамка за пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, што беше предложена од француското претседателство на Советот на Европската Унија на 30 јуни“. Владата на Димитар Ковачевски, на барање на опозицијата до Собранието достави додаток на Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка, кој беше проследен до парламентот на 7 јули за „разгледување и донесување дополнителни заклучоци“.

Таканаречениот француски предлог за укинување на бугарското вето и почеток на пристапните преговори, зад кои застана целата ЕУ, наиде на отпор од македонската опозиција, дел од граѓаните, академската јавност и невладините организации. Во Скопје од 2 јули, граѓаните скоро секојдневно демонстрираат против предлогот, а тие протести ги поддржа и коалицијата околу ВМРО ДПМНЕ на Христијан Мицкоски и Левица на Димитар Апасиев, барајќи предлогот да биде отфрлен, бидејќи, како што оценуваат, води до бугаризација на нивната земја.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons