СНЕГ ПАЃА КАКО СРЕДЕ ЗИМА! Србија побеле во средина на мај
Иако длабоко влеговме во пролетта, планинскиот превој Јабука, на надморска височина од 1250 метри надморска височина над Пријепоље, утрово осамна под снежна покривка.
– Снегот почна да паѓа во раните утрински часови, а температурата се спушти на само 1 степен Целзиусов. Белите снегулки не беа само минлив феномен, снегот брзо се спушти и ја покри околната природа, создавајќи необична зимска атмосфера во средината на мај – раскажуваат мештаните за агенцијата РИНА.
Тие додаваат дека возачите што минуваат низ овој планински превој се изненадени од глетка што повеќе доликува на јануари отколку на средината на мај. Поради снежните врнежи и ниските температури, на возачите им се препорачува дополнителна претпазливост, особено поради можноста од појава на голомразица на коловозот.
Освен на Јабука, снег има и на Копаоник, каде што моментално паѓа снег, а температурата е нула степени, според последните мерења на српското УХМР во 9 часот утринава.
Лапавица има и во Сјеница, додека на Златибор утрово се измерени два степени, а на Црни Врх три степени.