Македонија

Снегот го отежна сообраќајот – воведени забрани на два патни правци во Македонија

Јавното претпријатие „Македонија пат“ вечерва информира дека поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на два патни правци.

Од 22:50 часот забраната е на сила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража во двата правци, а од 23:00 часот и на патниот правец Маврово – Дебар.

Возачите се предупредуваат на зголемена претпазливост поради зимските услови на патиштата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons