МагазинНајново

СНЕГОВИ, ДОЖДОВИ И ВЕТЕР ПОВТОРНО ОД ПОНЕДЕЛНИК: Само овие неколку дена ќе биде потопло 

Утринава во Македонија беа измерени навистина невообичаено ниски температури на воздухот, и тоа невообичаено ниски за крај на месец март, објави метеорологот Славчо Попоски.

Најстудено како што и беше најавено беше на високите северозападни планински предели, па така на Попова Шапка беа измерени дури -10 степени, потоа -7 во Претор, -6 степени во Маврово, -3 степени во Охрид и во Битола и најтопло беше во Гевгелија и тоа 4 степени.

Во Скопје беа измерени 2 степени.

-На повеќе места е забележан умерен до засилен мраз, а сето ова многу лошо ќе влијае врз овошките.Потоа во следните неколку денови ќе имаме значителен пораст како на минималните утрински, така и на максималните дневни температури на воздухот. Истите преку ден речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и над 20 степени. До петок времето ќе биде стабилно и со многу повеќе сонце, додека за време на викендот ќе има повеќе облаци и ќе има појава на повремен локален дожд. Ќе дува ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе биде засилен на интензитет. Под влијание на голем но и постуден воздушен бран, во понеделник ќе имаме интензивни врнежи од дожд, снег и северен ветер, но и нов пад на температурите, пишува Попоски.

ФОТО: Unsplash/Marco Amatulli

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons