СЛУЧАЈ ВАЊА – СЕ ВЕШТАЧИ ЗАПЛЕНЕТОТО ВОЗИЛО: „Се работи интензивно, јавноста ќе биде информирана“ 

По вчерашното приведување на петте лица кои се поврзуваат со исчезнувањето на тинејџерката Вања Ѓорчевска од центарот на Скопје, се работи интензивно. Детали не се споделуваат во интерес на истрагата.

-Се работи интензивно, јавноста ќе биде информирана за се“, велат од МВР за Фактор.

И министерот за внатрешни работи вчера соопшти дека истрагата се интензивира. Освен приведените петмина, запленето е и едно возило, а сопственикот ќе биде испрашан.

„Синоќа до доцните часови се работеше интензивно. Морам да кажам дека имаме приведено пет лица и обезбедено едно возило, со што се продолжува понатаму со активностите. Тоа е нешто плус што го презедовме во однос на сето она како доказ, како трага што го обезбедуваме, се со цел да дојдеме до расчистување на овој случај“, изјави министерот Спасовски.

Во текот на истрагата, повеќе од 50 камери односно места каде што има камери се преземи и прегледани. Министерот Спасовски уште завчера истакна дека целосно е во функција системот безбеден град, сите податоци од телекомуникациските операторите се земени, сослушани се десетици лица од кои се земени податоци и информации во однос на целиот овој настан. 

По 14-одишната Вања се трага цела недела, а во потрагата е вклучен и Интерпол

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons