Актуелно

Службените возила ќе бидат обележани со таблички во боја, сè со цел да нема нивна злоупотреба 

Сите службени возила ќе бидат обележани со специјални регистарски таблички во боја за да се избегне нивната злоупотреба, најави директорт на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски.

„Одлучивме да воведеме специјални таблици во боја, а регистарот паралелно да го работиме во текот на годината. Правилникот го имаме донесено и сега се чека на потпис на министерот за внатрешни работи. Тие специјални таблици бројат околу 6 500 за сите возила на територија на цела Македонија“ изјави Томовски.

Покрај ова, директорот на СОЗР најави дека ќе се воведат и телефонски линии на кои граѓаните ќе може да пријават злоупотреба на автомобилите, по кои потоа ќе се постапува.

Премиерот Христијан Мицкоски пред два месеци најави дека Владата од следниот буџет ќе издвои средства за возобновување на возниот парк во државните институции.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons