Скопје: Казнети 549 возачи – 187 брзо возеле, 36 немале возачка
Сообраќајните контроли по планот продолжуваат и во наредните денови.
-Од нив 187 се за возење со брзина поголема од дозволената, а 36 за управување возила без возачка дозвола. Останатите мерки се однесуваат на останатите прекршоци, од кои најголем број се за погрешно или недозволено паркирање, велат од МВР.
Сообраќајните контроли по планот продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, истакнуваат од Министерството.