Спорт

Сколс со брутален коментар го нападна Рашфорд: Срамно е тоа што го направи во Манчестер јунајтед 

Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс „распали“ по Маркус Рашфорд и смета дека напаѓачот срамно се однесувал на Олд Трафорд, и го предупреди дека ова нема да му помине во Барселона.

Маркус Рашфорд влезе во конфликт со тренерот Рубен Аморим, па вториот дел од минатата сезона го помина на позајмица во Астон Вила, а ова лето, исто така на позајмица, се пресели во Барселона.

Тој оваа недела блесна против Њукасл во Лигата на шампиони, со два гола ги предводеше „каталонците“ до победа на „Сент Џејмс Парк“.

Сепак, само неколку дена подоцна тој се најде во проблеми откако задоцни на тимски состанок и под казна беше седнат на клупа против Хетафе во Ла Лига.

„Навистина ми е тешко да бидам среќен за Маркус Рашфорд“ – вели легендарниот Пол Сколс.

„Најмногу поради неговото однесување. Неговото однесување кон Манчестер јунајтед на крајот беше срамно. Колку само пати го гледав како оди по теренот само поради тоа што сака да замине… Како појава беше срам за гледање“.

„Видете, може да се скарате со тренерот, тоа е разбирливо. Но не треба да заборавиш дека имаш соиграч со кои играш. Исто така играш и пред 80.000 навивачи, па должност ти е да се потрудиш малку“.

Тој потоа додаде: „Мислам дека се откажа од Манчестер јунајтед, а кога ќе се откажеш еднаш, ќе се откажеш пак. Минатата недела доцнеше во Барселона. Таму нема долго да го толерираат вака. Нема шанси“.

„И како можеш да се успиеш во денешно време? Имаш телефон, имаш е*ан аларм, имаш многу работи. Како можеш да се успиеш?“

„Дефинитивно има талент да биде еден од најдобрите во светот. Но никогаш нема да го има потребниот менталитет“.

ФОТО: X/FC Barcelona

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons