Актуелно

Скап туризам, цените пожешки и од летното сонце 

Летово голем број граѓани ќе останат дома и нема да можат да одат на одмор. Велат дека цените се пожешки и од летното сонце. Но, од друга страна, од туристичките агенции велат дека во однос на лани, има зголемување на бројот на заинтересирани патници.

Со доаѓањето на високите температури сите со нетрпение очекуваат да ја спакуваат својата летна гардероба, да ги пуштат летните хитови, а да тргнат кон некој морски брег. Но, многу граѓани ова нема да можат да го сторат поради скапотијата и опаднатиот стандард.

И летово најголем интерес за патување има за Албанија, Црна Гора, Грција и Турција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons